• понеделник, 23 декември 2024

Ѓорческа полуфиналистка на турнирот во Кипар

Ѓорческа полуфиналистка на турнирот во Кипар

 

Ларнака, 15 март 2024 (МИА) – Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на убедлив начин стигна до полуфиналето на ИТФ турнирот во кипарски Аламинос, совладувајќи ја денеска во четвртфиналето Русинката Ксенија Зајцева со 2-0 во сетови (6-2, 6-2) за 97 минути игра.

Македонската тенисерка имаше одлична реализација на брејк топките (4/6), а воедно не и дозволи на ривалката ниту еден брејк од девет шанси.

За пласман во финалето утре во полуфиналната пресметка нејзина противничка ќе и биде Италијанката Нурија Бранкачио (23 години, 240. место ВТА) која со 2-0 во сетови (7-6, 6-3) ја победи седмата носителка Кристина Дину од Романија.

Турнирот во Аламинос, во близина на Ларнака, се игра за награден фонд од 25.000 долари. ег ФОТО: МИА

Остани поврзан