• среда, 18 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП

Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП

Ленцерхајде, 23 февруари 2025 (МИА) – Со машкиот биатлон на 15 километри масовен старт попладнево беше затворено Светското првенство 2025 во Ленцерхајде, Швајцарија.

Победничкиот подиум по последната мундијалска трка го запоседнаа норвешките натпреварувачи.

Победи Ендре Стромсхајм со време 38,22.6 минути и едно промашување.

Второто место и сребрениот медал се за Стурла Холм Лагреид кој заостана 12,4 секунди зад победникот и две промашувања.

Јоханес Бе +12,7 секунди (4) трката ја заврши како третопласиран.

Од четврток, во Трондхајм (Норвешка) почнува Светското првенство во нордиски дисциплини. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан