• четврток, 04 јули 2024

Ѓорческа обезбеди четвртфинале на фјучерсот во Ираклион

Ѓорческа обезбеди четвртфинале на фјучерсот во Ираклион

Ираклион, 9 ноември 2023 (МИА) – Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше денеска во четвртфиналето на фјучерсот во грчкиот град Ираклион, откако во второто коло ја победи Шпанката Андреа Лазаро Гарсија со 2-0 во сетови (7-5, 6-0).

Ѓорческа, која е трета носителка на турнирот во Крит, обезбеди пласман меѓу осумте најдобри тенисерки за еден час и 35 минути игра против шпанската противничка.

За пласман во полуфиналето Ѓорческа утре ќе игра против Романката Кристина Дину, која со 2-1 во сетови славеше победа над сонародничката Александра Игнатик.

Во меѓусебните мечеви скорот е 3:2 за Ѓорческа, која има победи на последните три дуели. ег/аа/

ФОТО: МИА

Остани поврзан