Ѓоргоноски ќе учествува на втората конференција „HandballTalks“
- Координаторот на проектот „Ракомет За Секое Дете“, Горан Ѓоргоноски, ќе биде учесник на втората конференција „Ракометни разговори“, со работен наслов „Ракомет, утре“, во организација на најпознатиот регионален портал, Балкан Хендбал.

Скопје, 2 ноември 2023 (МИА) - Координаторот на проектот „Ракомет За Секое Дете“, Горан Ѓоргоноски, ќе биде учесник на втората конференција „Ракометни разговори“, со работен наслов „Ракомет, утре“, во организација на најпознатиот регионален портал „Balkan Handball“.
Конференцијата ќе се одржи на 3 и 4 ноември во Нашице, Хрватска со техничка поддршка на тамошниот клуб Нексе.
Поканата од страна на организатортот за учество на конференцијата претставува огромна сатисфакција за овој млад проект, како што е Ракомет За Секое Дете, проект кој изминатите години создаде идентитет во сегментот на работа со деца од најмала возраст, но и обврска во најдобро светло да се претстави Македонија во регионални рамки, изјави Ѓоргоноски.
Тој, во улога на координатор на проектот, ќе биде учесник на од еден од десетте панели, со наслов "Нови генерации - нов пристап". На овој панел ќе се дискутира за условите во кои работат младите генерации во нашата држава, како да се подобрат истите, но и за предизвиците кои ги носи новото време, од аспект на нови генерации на деца кои тешко влегуваат во сала, а уште потешко се задржуваат.
Од познатите ракометни имиња од просторите на поранешната заедничка држава, своето учество на конференцијата во Нашице го потврдија: Ивано Балиќ, Лино Червар, Веселин Вујовиќ, Мирза Џомба, Игор Вори, Ведран Зрниќ, Славко Голужа, Драган Шкрбиќ и Марко Вујин.
Првата конференција „HandballTalks“ се одржана во март во Белград. зс/