• понеделник, 30 декември 2024

Ѓоковиќ пред финалето со Алкараз: Нема јасен фаворит

Ѓоковиќ пред финалето со Алкараз: Нема јасен фаворит

Париз, 3 август 2024 (МИА) - На своите петти Олимписки игри, Новак Ѓоковиќ стигна до своето прво финале. Со победата против Италијанецот, Лоренцо Музети, најдобриот српски тенисер го постигна најголемиот успех на светската спортска манифестација во Париз.

Тој за два часа игра го совлада својот ривал во полуфиналето на ОИ (6:4, 6:2) и така закажа дуел со Карлос Алкараз. Двајцата неодамна играа на „Вимблдон“, а токму во тоа финале Ѓоковиќ загуби од младиот Шпанец.

Сепак, оттогаш работите се променија бидејќи српскиот ас се опорави од повредата на коленото и се претставува многу подобро на теренот отколку пред еден месец.

-И тој и јас сме во финалето без загубен сет, двајцата играме одличен тенис. Веројатно Карлос е благ фаворит, поради неговите неодамнешни резултати. Ги освои Ролан Гарос и Вимблдон, порасна на земјена подлога, тоа му е омилена подлога, иако игра добро на сите. Бев благословен и со способноста да се прилагодувам на противниците и условите. Единствениот пат кога игравме овде беше минатата година, го победив во полуфиналето, но од тогаш многу нешта се сменија. Да, Карлос доминираше во финалето на Вимблдон, но јас сум сосема поинаков играч од пред три недели. Се движам подобро, играм подобро и имам поголеми шанси. Нема јасен фаворит, но веројатно тој е благ, изјави Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ на париска земјена подлога го совлада Алкараз, но последниот дуел му припадна на Шпанецот. Сепак, српскиот ас не сакаше да се навраќа на минатото.

-Не би сакал да се занимавам со минатото, секој натпревар е приказна сам за себе. Во финалето ќе пристапам со најголема можна желба да и донесам злато на Србија. Исто така, најголемиот предизвик на овој турнир, воопшто во тенисот, е да се игра против Карлос во финалето. Го победив на големи натпревари, знам што треба да направам, се чувствувам добро, ако излезам со врвна игра имам шанси, додаде Ѓоковиќ. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан