• недела, 22 декември 2024

Американската амбасада во Бејрут и британската Влада ги повика своите граѓани да го напуштат Либан

Американската амбасада во Бејрут и британската Влада ги повика своите граѓани да го напуштат Либан

Бејрут/Лондон, 3 август 2024 (МИА) - Амбасадата на САД во Бејрут и британската Влада денеска ги повика своите граѓани да го напуштат Либан, поради страв од судир меѓу Израел и либанското движење Хезболах.

И покрај суспензијата и откажувањето на летовите за Бејрут, „комерцијалните опции за летови за напуштање на Либан остануваат достапни“, се наведува во соопштението на американската Амбасада.

„Ги охрабруваме оние што сакаат да го напуштат Либан да резервираат кој било достапен билет, дури и ако тој лет не е веднаш спроведлив или не ја следи рутата по нивен избор“, се додава во соопштението.

И британската Влада денеска ги повика своите граѓани во Либан веднаш да ја напуштат земјата поради страв од сеопфатна војна меѓу Израел и Хезболах и поширок регионален конфликт.

-Тензијата е висока и ситуацијата може брзо да се влоши, рече британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами.

„Додека продолжуваме да работиме на зајакнување на нашето конзуларно присуство во Либан, мојата порака до британските граѓани таму е јасна – заминете веднаш“, се додава во соопштението, пренесено од француските медиуми.

Убиствата на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран во средата, за кои е обвинет Израел, и на високиот воен командант, Фуад Шукр, во предградие на Бејрут во израелски напад, ја зголемија опасноста конфликтот да ескалира во сеопфатна регионална војна. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан