• четврток, 04 декември 2025

Ѓоковиќ и Мареј ставија крај на соработката

Ѓоковиќ и Мареј ставија крај на соработката

 

Женева, 13 мај 2025 (МИА) – Новак Ѓоковиќ и неговиот тренер Енди Мареј се разделуваат по шест месеци заедничка работа, објави денеска српскиот тенисер.

Разделбата меѓу Ѓоковиќ и Мареј доаѓа на само три недели пред почетокот на Ролан Гарос.

„Ти благодарам, Енди. Работевме многу заедно и се забавувавме и на теренот и надвор од него. Мило ми е што сме пријатели“, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Мареј, од своја страна, му посака успешна сезона на Ѓоковиќ.

„Му се заблагодарувам на Новак за можноста да работиме заедно и на неговиот тим за сè што направија во последните шест месеци. Му посакувам на Новак сè најдобро до крајот на сезоната и во иднина.“, објави Мареј.

Следната недела, Ѓоковиќ ќе учествува на тенискиот турнир во Женева. ег

ФОТО: архива

Остани поврзан