• среда, 17 декември 2025

Ѓоковиќ: За доброто на тенисот се надевам дека Надал ќе се врати на терените

Ѓоковиќ: За доброто на тенисот се надевам дека Надал ќе се врати на терените

Мадрид, 23 ноември 2023 (МИА) - Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ изјави дека го смета Рафаел Надал за свој главен ривал и му посака брзо враќање на турнирите.

- Се надевам, за доброто на тенискиот свет, дека ќе може да игра што е можно повеќе во текот на целата сезона. Не знам како се чувствува, но судејќи по неговите зборови, тој е подготвен да се врати и, можеби, ќе го направи тоа во Австралија, изјави Ѓоковиќ за шпански „AS“.

На 19 ноември, 36-годишниот српски тенисер по седми пат во кариерата го освои завршниот АТП турнир, победувајќи го во финалето 22-годишниот Италијанец Јаник Синер со 6:3 и 6:3.

Ѓоковиќ рекордна осма година завршува како светски рекет број еден. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан