• сабота, 27 април 2024

Ѓоковиќ за Алкараз: Тој ги има вистинските вредности, скромен е и вреден, тенисот е во добри раце

Ѓоковиќ за Алкараз: Тој ги има вистинските вредности, скромен е и вреден, тенисот е во добри раце

Ријад, 28 декември 2023 (МИА) – Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ го пофали Карлос Алкараз по поразот во Ријад во ревијален натпревар.

- Импресивно е тоа што го постигна на толку млада возраст. Ги има вистинските вредности, скромен е и вреден. Неверојатно е што тенисот го има Алкараз. Тој ќе биде еден од лидерите на турнејата во следните 10-15 години. Тенисот е во добри раце, изјави Ѓоковиќ.

Србинот зборуваше и за враќањето на Рафаел Надал на турнејата.

- Се надевам дека јас и Карлос ќе имаме одлични натпревари против Рафа Надал следната година. Тоа би било одлично за нашиот спорт, истакна најдобриот тенисер на светот. 

Ѓоковиќ вчеравечер загуби од Шпанецот Алкараз во ревијален меч со 6:4, 4:6 и 4:6. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан