• недела, 28 април 2024

Шукова и Костадиновска Стојчевска во работна посета на Тетово

Шукова и Костадиновска Стојчевска во работна посета на Тетово

Скопје, 12 декември 2023 (МИА) - Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска ќе бидат во работна посета на Општина Тетово.

Како што најавија од Владата, посетата ќе започне со обиколка на новите простории на ЈУ Национален парк „Шар Планина”, на која заедно со директорот на установата ќе се направи увид на тековните и завршените капитални инвестиции и проекти на установата.

Предвидено е министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова да даде изјава за медиуми пред Националниот парк „Шар Планина”, а потоа агендата продолжува во Музејот на тетовски крај – Тетово, каде по разгледувањето на објектот и увид во тековните активности и досегашни инвестиции ќе биде остварена средба со здруженијата апликанти на Конкурсот „Култура во лето“.

По средбата, пред новите административни простории на Музејот на тетовски крај – Тетово, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе даде изјава за медиуми.

Во рамките на посетата, министерките Костадиновска-Стојчевска и Шукова ќе го посетат и Центарот за култура „Иљо Антески Смок“-Тетово.бт/мд/

Фото/МИА Архива

Остани поврзан