• четврток, 13 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шукова: БРТ е вистинско решение за јавниот превоз во Скопје

Шукова: БРТ е вистинско решение за јавниот превоз во Скопје

30 јули 2025

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, заедно со потпретставници на партијата, синоќа оствари средба со граѓани на општина Карпош, каде разговараа за предизвиците со кои се соочува Скопје, се наведува во соопштението од СДСМ; што МИА го пренесува интегрално.

Шукова упати остра критика до актуелната локална и централна власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за, како што рече, четиригодишна блокада и неспособност да понуди функционален концепт за јавен транспорт.

– Додека скопјани мака мачеа со хаосот во јавниот превоз, цели четири години ВМРО-ДПМНЕ го блокираше проектот за БРТ. Иако немаа и се уште немаат никаков концепт. 

Четири години не понудија ништо, скопјани ги оставија сами, да чекаат предолго и да не знаат дали воопшто ќе има автобус, да се варат по горештините или да мрзнат кога е ладно. Денес ретерираат и велат дека ќе го „разгледале“, па што чекаа 4 години?, рече Шукова.

Таа нагласи дека како иден градоначалник целосно ќе го спроведе проектот за БРТ кој е вистинско решение за јавниот превоз во Скопје.

– Тоа е решение коешто има изработен проект со обезбедени финансиски средства, што значи дека им нудиме проект на граѓаните со којшто нема да губиме време, туку веднаш ќе можеме да прејдеме во акција. Време е концечно да се реши хаосот со превозот во Скопје, рече Шукова.

Таа додаде дека проектот предвидува две главни трансферзали кои ќе заменат голем дел од постојните автобуски линии, додека остатокот ќе се надополни со еколошки автобуси.

– Овој концепт не е евтин, но е долгорочно одржлив. Ќе обезбедиме систем којшто е сигурен, модерен и еколошки – достоен за главен град, потенцираше Шукова.

Граѓаните на Карпош, како и жителите на цело Скопје, заслужуваат јавен превоз кој функционира, кој не доцни и кој не загадува, порача Шукова, најавувајќи дека токму тоа ќе биде еден од првите приоритети во нејзиниот мандат.

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста

Остани поврзан