• понеделник, 23 декември 2024

Штип со блокатори го решава проблемот со непрописно паркираните возила

Штип со блокатори го решава проблемот со непрописно паркираните возила

Штип, 2 декември 2023 (МИА) - Штип во централното градско подрачје има проблем со паркирани возила на тротоари, коловози, улици, како и автобуските стојалишта. Реакции има од пешаци кои се движат по улиците, бидејќи тротоарите се зафатени со возила. Директорот на ЈП „Стипион“, Панче Стефановски се согласува дека ваквата слика е честа и е заради несовесните вочаи. Токму затоа во претходниот период во соработка со полицијата блокатори на возила се поставуваа и за непрописно паркирање.

-Се почесто сме сведоци на неодговорен однос и непрописно паркирање од страна на возачите. Освен на јавните површини за паркинг, се паркира на тротоарите и на површините наменети за пешаците, со што се оневозможува нормално движење.  ЈП „Стипион“ за ваквите има за обврска да излезе на увид, да ги блокира, тие возила кои се непрописно паркирани и со асистеницја на полицијата, која ги санкционира возачите кои непрописно се паркирани, вели Стефановски. 

Посочи дека ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период. Смета дека  на ваков начин ќе се обидат да воспостават делумно ред во центарот на Штип. Реакции од граѓани за непрописно паркирани возила пристигнуваат секојдневно, а со казни е полн и билтенот на СВР Штип. Со заедничка координација тенденција е возачите да се однесуваат поодговорно во сообраќајот и да не паркираат на места, кои не се за таа намена. вдј/аа/

 Фото: МИА

Остани поврзан