• петок, 29 март 2024

Штип се подготвува за празникот Ч’трсе

Штип се подготвува за празникот Ч’трсе

Штип, 21 март 2023 (МИА) - Два дена се чисти тврдината „Исар“, по повод претстојниот празник „Свети четириесет маченици“ или за штипјани Ч’трсе. На 22 март штипјани традиционално се искачуваат на тврдината „Исар“ и се поздравуваат со 40 лица, се собираат 40 каменчиња, од кои 39 се фрлаат кон реката Брегалница, а 40 тото каменче се носи дома и се става под перница. Се верува дека ќе го сонат  животниот сопатник.

Директорот на ЈП „Исар“, Трајан Коцев вели дека во изминатите два дена од тврдината „Исар“ изнесени се два трактори ѓубре.

-Два дена имаме работни активности од одделението за паркови и зеленило и јавна чистота, работните активности, вработените работеа, сечеа дрва, на собирање на отпад и чистење на тврдината Исар, бидејќи како што знаеме утре е празникот Свети четириесет маченици и по тој повод нашите сограѓани штипјани се искачуваат на тврдината „Исар“, вели Коцев.

Обичајот Ч’трсе е првото нематеријално културно наследство кое се најде на листата на УНЕСКО. Во Македонија има над 80 нематеријални културни добри или „живи“ обичаи кои би можеле да се стават на репрезентативнта листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство. вдј/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан