• четврток, 02 мај 2024

Штајнмаер во Анкара ќе се сретне со Ердоган

Штајнмаер во Анкара ќе се сретне со Ердоган

Анкара, 24 април 2024 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ќе се сретнат денеска во Анкара, јавија турските медиуми.

Штајнмаер оваа недела пристигна во посета на Турција на покана на Ердоган. Завчера тој беше во посета на Истанбул, а вчера беше во Газиантеп.

На средбата на двајцата шефови на држави во претседателската палата Бештепе денеска ќе бидат разгледани билатералните односи меѓу Турција и Германија во сите нивни аспекти и ќе се разговара за опциите за натамошен развој на соработката меѓу двете земји. Ќе се разговара за кризата во Појасот Газа и другите случувања на Блискиот Исток, војната меѓу Украина и Русија, односите меѓу Турција и Европската унија, како и други глобални и регионални прашања, соопшти Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.

По билатералните разговори, претседателите ќе одржат заедничка прес-конференција.

Штајнмаер вчера го посети градот Газиантеп, кој беше погоден од разорните земјотреси во февруари. Тој се сретна со гувернерот на областа Кемал Чебер и со градоначалничката на градот Фатма Сахин, објави „Хуриет“. рп/

Фото: МИА архива


 

Остани поврзан