• петок, 27 декември 2024

Шпанските власти спасија 262 мигранти кај Канарските острови

Шпанските власти спасија 262 мигранти кај Канарските острови

Мадрид, 6 октомври 2023 (МИА) - Шпанската крајбрежна стража рано утринава спасила 262 мигранти во три чамци кои се обидувале да стигнат до брегот на Канарските острови.

Ова се случува во период на нагло зголемување на бројот на обиди за преминување на границата во изминатите неколку дена, а исто така и кога европските лидери разговараат во Шпанија како да се избегне нова миграциска криза.

Оваа година Италија и Шпанија изразија загриженост за зголемениот проток на илегални мигранти на нивните острови во Медитеранот или Атлантикот. Мадрид соопшти дека не може да се справи со илегалната имиграција без помош на Европската унија.

Шпанските служби за итни случаи соопштија дека сместиле 103 од 262 спасени мигранти на островот Ел Хиеро, најзападниот и најмалиот од Канарските острови, кој само во изминатите шест дена прими повеќе од 1.200 мигранти.

„Здравствената служба на Ел Хиеро, кој има само 11.000 жители, нема да може да се справи со работата секогаш кога брод (со мигранти) пристигнува на пристаништето“, изјави шефот на регионалната влада на Канарските Острови, Фернандо Клавихо.

Останатите мигранти биле сместени во Лос Кристијанос на островот Тенерифе и во Аргинегуин на островот Гран Канарија.

Мигрантите се од субсахарска Африка, соопшти службата за итни случаи. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан