• понеделник, 25 ноември 2024

Шпанија подготвува 16 милијарди евра помош поради високите цени на енергенсите

Шпанија подготвува 16 милијарди евра помош поради високите цени на енергенсите
Мадрид, 28 март 2022 (МИА) - Шпанскиот премиер Педро Санчез објави денеска помош од 16 милијарди евра за бизнисите и домаќинствата поради наглиот пораст на трошоците за енергија поттикнати од руската војна во Украина. Планот вклучува намалување на даноците од шест милијарди евра и дополнителни 10 милијарди евра помош од државната развојна банка ICO, рече Санчез. Владата сака да ги намали цените на бензините и дизелот за сите потрошувачи за 20 евроценти по литар. Државата би ги презела 15-те центи од тоа намалување, а нафтените компании пет центи. Според првичниот план, мерките ќе бидат на сила до 30 јуни, а Владата официјално треба да ги усвои на утрешна седница. Шпанија и Португалија сакаат да ја одвојат цената на струјата од цената на гасот и се подготвуваат неделава да и предложат на Европската комисија колку треба да се намали референтната цена на природниот гас, која се користи за пресметување на цената на струјата. На самитот на ЕУ минатиот петок, двете земји преговараа за посебна државна регулатива за ограничувањата на цената на гасот. Мадрид со новиот пакет мерки сака да го смири растечкото незадоволство кај граѓаните. Покрај поскапувањето на енергенсите, потрошувачите и компаниите се соочуваат и со прекин на снабдувањето поради протестите на возачите на камиони, јави ДПА. аа/

Остани поврзан