• петок, 29 март 2024

Шолц: Ова е нова димензија на војната

Шолц: Ова е нова димензија на војната

Берлин, 6 јуни 2023 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц оцени дека оштетувањето на браната Каховка во регионот Херсон во Украина е „нова димензија“ на војната во Украина.

Штетата на браната е нешто „што одговара на начинот на кој Путин ја води оваа војна“, рече Шолц, додавајќи дека тоа е развој што се следи со внимание и загриженост.

Германскиот канцелар ја коментираше најновата ситуација во Украина во својот говор на Европскиот форум што го организира јавниот сервис WDR во Берлин. јт/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан