• петок, 06 септември 2024

Шолц и Зеленски ќе разговараат за воената помош за Украина

Шолц и Зеленски ќе разговараат за воената помош за Украина

Берлин, 6 септември 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц, потврди портпарол на германската влада.

Без да даде повеќе детали, портпаролот изјави дека двајцата лидери ќе одржат билатерална средба утрово во Германија, каде што Зеленски ќе пристигне во рамките на својата официјална посета. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан