• четврток, 21 ноември 2024

Шолц го увери Зеленски за поддршката на Германија за мировниот самит за Украина

Шолц го увери Зеленски за поддршката на Германија за мировниот самит за Украина

Берлин, 8 мај 2024 (МИА) - Германскиот канцелар, Олаф Шолц денеска за време на телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека Берлин го поддржува одржувањето на мировниот самит за Украина во Швајцарија, соопшти денеска портпаролот на германската влада.

-Канцеларот го потврди учеството и повтори дека Германија активно го поддржува самитот. Тие се согласија дека целта е што е можно повеќе глобално учество, се вели во соопштението на германскиот портпарол.

Зеленски рече дека го информирал Шолц за ситуацијата на бојното поле и дека разговарале за одбранбената соработка и претстојната конференција за закрепнување на Украина. мс/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан