Шмихал: Украина очекува пет милијарди помош од ЕУ
- Премиерот на Украина, Денис Шмихал денеска во Берлин изјави дека Киев очекува да добие пет милијарди евра макрофинансиска помош од Европската Унија следните недели
Берлин, 4 септември 2022 (МИА) - Премиерот на Украина, Денис Шмихал денеска во Берлин изјави дека Киев очекува да добие пет милијарди евра макрофинансиска помош од Европската Унија следните недели.
- Помошта од ЕУ ќе придонесе за стабилност на украинската економија, армија и претстојната грејна сезона, објави Шмихал на Телеграм пред средбата со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер.
Украинскиот премиер истакна и дека Германија есенва ќе и достави на Украина софистицирани системи за воздушна одбрана.
Шмихал вчера допатува во Берлин, а денеска покрај средбата со Штајмајер предвидено е да се сретне и со германскиот канцелар Олаф Шолц. ми/