• сабота, 16 ноември 2024

Шеќерот, колбасите и месото се најштетни за цревата

Шеќерот, колбасите и месото се најштетни за цревата
Минхен, 28 октомври 2021 (МИА)Средоземноморската исхрана влијае на благосостојбата на цревата со години. Нивното здравје директно зависи од храната што се внесува, па затоа и треба да се размислува за здраво јадење, советува германскиот лекар Томас Фрилинг. Докторот советува дека нерафинираниот бел шеќер треба целосно да се исклучи од менито, бидејќи одредени бактерии, меѓу кои и клетки на рак, се размножуваат во „слатката“ средина. Следни што треба да бидат исклучени се соленото и чаденото месо и колбасите. - Овие намирници содржат канцерогени материи, па затоа советувам да не консумирате повеќе од 500 грама црвено месо неделно, нагласи Фрилинг. Листата на здрава храна која го продолжува животот на цревата е долга - на прво место се гравот и зеленчукот кои содржат растителни влакна и повеќе хранливи состојки. По нив следат бананите кои се богати со инулин, па рибата, овошјето, компирот и црниот леб. си/сд/

Остани поврзан