• понеделник, 23 декември 2024

Шеф на OpenAI: Ако регулативата на ЕУ за вештачка интелигенција биде престрога, ќе си заминеме од Европа

Шеф на OpenAI: Ако регулативата на ЕУ за вештачка интелигенција биде престрога, ќе си заминеме од Европа

Лондон, 25 мај 2023 (МИА) - Компанијата OpenAI, која го произведе системот за генеративна вештачка интелигенција ChetGPT, ќе ја напушти Европа доколку не може да се усогласи со најавената регулатива на ЕУ.

Шефот на OpenAI, Сем Алтман, на настан во Лондон рече дека неговата компанија прво ќе се обиде да се усогласи со идниот закон на ЕУ за вештачка интелигенција (ВИ).

„Сегашниот нацрт-закон на ЕУ за вештачка интелигенција премногу ја регулира оваа сфера, но слушнавме дека ќе биде повлечен“, рече тој.

Алтман смета дека треба да се работи многу повеќе на овој закон, но не го исклучи и заминувањето на OpenAI од Европа.

Европските парламентарци овој месец се договорија за нацрт-законот за вештачка интелигенција, но деталите сепак ќе се дискутираат на различни нивоа. ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан