• петок, 27 декември 2024

Шефот на СЗО под оган удар во израелскиот напад на аеродромот во Јемен

Шефот на СЗО под оган удар во израелскиот напад на аеродромот во Јемен

Женева, 26 декември 2024 (МИА) – Тим на Светската здравствена организација (СЗО), вклучително и нејзиниот генерален директор, беше под оган во денешниот израелски напад на меѓународниот аеродром во главниот град на Јемен, Сана.

- Додека требаше да се качиме на нашиот лет од Сана, пред околу два часа, аеродромот беше под воздушно бомбардирање, напиша шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на X.

- Еден од членовите на екипажот на нашиот авион беше повреден. Најмалку две лица загинаа на аеродромот. Кулата за контрола на летање, салонот за поаѓање – на само неколку метри од местото каде што бевме – и пистата беа оштетени, информира Гебрејесус.

Членовите на делегацијата на ОН и СЗО се неповредени и безбедни, рече тој и изрази сочувство до семејствата чии најблиски ги загубија животите во нападот.

Израелската војска потврди дека ја нападнала инфраструктурата на милицијата Хути во Јемен, вклучително и на аеродромот. јт/

Остани поврзан