• вторник, 30 април 2024

Шефот на израелското воено разузнавање поднесе оставка

Шефот на израелското воено разузнавање поднесе оставка

Тел Авив, 22 април 2024 (МИА) – Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека шефот на военото разузнавање Ахарон Халива поднел оставка поради неуспехот да го спречи терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

Во својата оставка Халива повика на формирање комисија „која темелно, продлабочено, сеопфатно и прецизно ќе ги истражи и открие сите фактори и околности кои доведоа до тешките настани“.

„Во координација со началникот на Генералштабот, началникот на Управата за разузнавање, генерал-мајор Ахарон Халива, побара да ја прекине функцијата, по неговата лидерска одговорност како началник на Управата за разузнавање за настаните од 7 октомври.

Началникот на Генералштабот му се заблагодари на генерал-мајор Ахарон Халива за неговата 38-годишна служба во ИДФ, за време на која тој даде значителен придонес за безбедноста на државата Израел и како борбен војник и како командант“, се вели во објава на ИДФ на социјалните мрежи.

Ова е прва оставка на генерал од израелскиот Генералштаб, а тој една недела по нападот на Хамас изјави дека ја сноси целосната одговорност.

На 7 октомври минатата година терористи од Хамас извршија напад врз Израел во кој убија околу 1.200 луѓе и киднапираа околу 250, што ја предизвика војната во Газа. јт/

Остани поврзан