• сабота, 11 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шест лица и тројца пожарникари во болница поради вдишување чад, изгаснат пожарот во семејна куќа во Кочани

Шест лица и тројца пожарникари во болница поради вдишување чад, изгаснат пожарот во семејна куќа во Кочани

Кочани, 23 јули 2025 (МИА) - На 22.07.2025 во 13:37 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Браќа Ставреви“ во Кочани, сопственост на Л.С.(62) од Кочани.

- На местото излегле полициски службеници од ОВР Кочани и екипи од Територијалната противпожарна единица Кочани, се наведува во соопштението од СВР Штип.

Пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад при гасењето во медицински установи за укажување на помош биле пренесени И.С., сопруг на сопственичката, А.С., К.С., В.Ш., О.С. и А.Д., кои помагале, како и тројца пожарникари. ис/мд/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан