• петок, 05 декември 2025

Во Неготино отворен Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација

Во Неготино отворен Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација

Неготино, 11 октомври 2025 (МИА) - Во Неготино е отворен Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, Неготино чекори кон дигитална иднина, објави попладнево министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на „Фејсбук“, по денешната работна посета на овој град. 

- Денес, заедно со кандидатот за градоначалник Марија Нацева, разговаравме за конкретни проекти кои ќе ја направат локалната администрација побрза, поефикасна и поблиску до граѓаните. Првиот чекор е веќе направен - новиот Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација е веќе отворен. Ги слушнавме невладините организации и работиме на негово доопремување за да биде целосно достапен за сите жители на Неготино, напиша министерот. 

Андоновски најави дека следуваат нови дигитални решенија.

- Нови електронски услуги за поголема достапност на општината за граѓаните и компаниите, приклучување на националниот систем за дигитално управување со документи и предмети, бесплатни Wi-Fi зони на јавните простори, додаде тој. 

Притоа, подвлече дека целта е јасна - секој граѓанин, без разлика каде живее, да ги почувствува придобивките од дигиталната трансформација. свд/бд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан