• петок, 05 декември 2025

Од златарата во Гостивар украдени околу 18 килограми злато

Од златарата во Гостивар украдени околу 18 килограми злато

Скопје, 11 октомври 2025 (МИА) - Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека од златарата во Гостивар се украдени околу 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра. 

Разбојниците по кражбата побегнале со патничко возило "бмв х3"  без регистарски таблички кое потоа е пронајдено опожарено на регионалниот пат Мавровска крстосница - село Маврово. 

- Пожарот е изгаснат од Територијалната протившпожарна единица Гостивар и при вршење на увидот во возилото е пронајдена автоматска пушка со бајонет. По наредба на јавен обвинител возилото е однесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, велат од Министерството за внатрешни работи.

Кражбата е пријавена во полиција вчера во 18:45 часот. бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан