Вицепремиерот и министер Стоилковиќ ја предводеше владината делегација која оддаде почит пред Спомен-костурницата во Куманово
- По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска делегација на Владата, предводена од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ положи цвеќе пред Спомен-костурницата во Куманово.
Куманово, 11 октомври 2025 (МИА) - По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска делегација на Владата, предводена од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ положи цвеќе пред Спомен-костурницата во Куманово.

-Со овој чин се оддаде достојна почит на хероите кои ги положија своите животи за слободата, достоинството и иднината на македонскиот народ и држава. Вицепремиерот Стоилковиќ истакна дека 11 Октомври останува симбол на борбата против фашизмот и копнежот за слобода и достоинство на македонскиот народ и сите нејзини граѓани и им одаде почит на загинатите борци за слобода, наведуваат од кабинетот на потпретседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците.
Делегацијата се поклони пред спомен-обележјето во знак на длабока благодарност и сеќавање на историската жртва и визија на генерациите кои ја поставија основата на денешната држава. ам/фф/
Фото: Министерство за односи меѓу заедниците