• петок, 05 декември 2025

Делчево го одбележа „11 Октомври“ - Денот на народното востание

Делчево го одбележа „11 Октомври“ - Денот на народното востание

Делчево, 11 октомври 2025 (МИА) - Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска одбележа 84 години од почетокот на антифашистичкото востание на македонскиот народ - 11 октомври.

По тој повод, делегација на Општина Делчево, претставници од јавните институции, политички партии и здруженија на граѓани, положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот, оддавајќи почит на сите кои ја вградија својата жртва во слободата и независноста на државава.

Во рамки на одбележувањето, членовите на КУД „Гоце Делчев“ преку реферат ги потсетија присутните на историските околности што му претходеле на востанието, како и на начинот на кој биле реализирани првите вооружени акции во Прилеп и Куманово. Во своето излагање, тие го нагласија значењето на 11 октомври како симбол на отпорот против фашизмот и почеток на организираната борба за самостојност и државност на македонскиот народ.

Честитка по повод празникот упатија од Општина Делчево. вс/бд/

Фото: МИА

Остани поврзан