• среда, 10 јули 2024

Шенчур го оддалечи ТФТ од плејофот во АБА 2

Шенчур го оддалечи ТФТ од плејофот во АБА 2

Бања Лука, 25 јануари 2023 (МИА) – Кошаркарите на ТФТ синоќа загубија од Шенчур со 91:74 на првиот натпревар на турнирот во Бања Лука. Досега Шенчур немаше ниту една победа во регионалната АБА 2 лига.

По осум одиграни натпрвари, ТФТ има скор од две победи и шест порази. Во наредното, 9. коло, клубот од скопско Тафталиџе ќе се соочи со Широки. Овој натпревар е закажан за утре од 15.часот, исто така во слата „Борик“ во Бања Лука.

Вториот македонски претставник, Пелистер, денес ќе го одигра својот натпревар од ова осмо коло во АБА 2 лигата. Од 15 часот, битолчани за противник го имаат сараевски Спарс.

Пелистер досега има четири победи и три порази. зс/

Остани поврзан