• сабота, 07 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Викендов детски тениски фестивал во Скопје

Викендов детски тениски фестивал во Скопје


Скопје, 11 април 2025 (МИА) – Во организација на Тениската федерација на Македонија (ТФСМ) викендов во Скопје ќе се одржи тениски фестивал за деца.
Како што е соопштено, станува збор за првиот од низата детски тениски фестивали кои ТФСМ ќе ги организира оваа година низ повеќе градови во Македонија.
Под мото „Запознај го тенисот низ игра и дружба“, првиот од најавените серија детски тениски фестивали ќе се одржи в недела од 11 до 14 часот во Градскиот парк во Скопје. ег
ФОТО: ТФСМ

Остани поврзан