• среда, 20 ноември 2024

Шевченко избран за претседател на УАФ

Шевченко избран за претседател на УАФ

Киев, 25 јануари 2024 (МИА) - Андриј Шевченко стана претседател на Украинската фудбалска асоцијација.

Поранешниот напаѓач на Милан, Челзи и на украинската репрезентација е избран за нов претседател на УАФ. За него гласаа 93 луѓе, еден воздржан - самиот Шевченко. Тој беше единствениот кандидат.

Добитникот на Златната топка од 2004 година презентираше девет чекори за развој на украинскиот фудбал: транспарентност, дигитализација, обука на специјалисти, развој на национални тимови, соработка со клубови, арбитражна реформа, посттрауматско закрепнување, ефективен маркетинг и меѓународна соработка.

Претходно, функцијата претседател на УАФ ја вршеше Андреј Павелко, кој сега се наоѓа во притвор поради обвинување за злоупотреба на 270 илјади евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан