• петок, 17 мај 2024

Швјонтек по 10 години повтори достигнување на Серена Вилијамс

Швјонтек по 10 години повтори достигнување на Серена Вилијамс

Лондон, 5 декември 2023 (МИА) - Светскиот рекет број еден Ига Швјонтек стана првата тенисерка во последните десет години која освоила барем по еден турнир во секоја категорија на ВТА турнејата. 

Оваа сезона, полската тенисерка освои Грен слем турнир, Завршниот ВТА турнир, ВТА Мастерс-1000, ВТА Мастерс-500 и ВТА Мастерс-250. 

Последен пат вакво достигнување бележи американската тенисерка Серена Вилијамс во 2013 година. 

Швјонтек сезоната 2023 ја завршува на првото место на ВТА ранг-листа со 9.295 бода, пред Русинката Арина Сабаленка со 9.050. зс/ 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан