• среда, 15 мај 2024

Швјонтек за освојувањето на Ролан Гарос заработи 2,3 милиони евра

Швјонтек за освојувањето на Ролан Гарос заработи 2,3 милиони евра

Париз, 11 јуни 2023 (МИА) - Ига Швјонтек вчера стана шампион на Ролан Гарос. Таа во финалето ја победи Каролина Мухова - 6:2, 5:7, 6:4.

 

Полската тенисерка за триумфот на турнирот заработи 2,3 милиони евра, Мухова - 1,15 милиони.

 

Сега паричната награда на Швјонтек за тековната сезона е 4,6 милиони долари. За време на нејзината кариера таа заработила 19,3 милиони долари и е на 23-то место во историјата по овој индикатор.

 

Мухова во кариерата заработила 5,4 милиони долари. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан