• недела, 22 декември 2024

Велес домаќин на женското финале во фудбалскиот Куп на Македонија

Велес домаќин на женското финале во фудбалскиот Куп на Македонија

 

Скопје, 14 мај 2024 (МИА) – Фудбалерките на Љуботен утре на Градскиот стадион во Велес ќе го бранат трофејот во Купот на Македонија против Каменица Саса.

Како што соопшти попладнево Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), женското Куп финале е закажано со почеток во 16. часот.

Двете екипи и во минатата сезона играа во финалето на најмасовното натпреварување во Македонија, а триумфираше екипата на Љуботен.

Каменица Саса и Љуботен во досегашната историја го имаат по еднаш освоено трофејот во Купот на Македонија. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан