• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шведска ќе ги зголеми издвојувањата за одбраната на 3,5 отсто до 2030 година

Шведска ќе ги зголеми издвојувањата за одбраната на 3,5 отсто до 2030 година

Стокхолм, 26 март 2025 (МИА) - Шведска планира да ги зголеми своите издвојувања за одбраната на 3,5 отсто од буџетот до 2030 година, што е поголемо и побрзо зголемување од претходно планираното.

„Предвидено е потрошувачката за одбраната да достигне 2,4 отсто од БДП годинава и 2,6 отсто во 2028 година“, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Министрите во шведската Влада се согласија дека тоа е неопходно откако САД предупредија дека европската безбедност повеќе не е примарен фокус на Вашингтон.

Претходно денеска Политико објави дека поедини јужни земји-членки на ЕУ одбиле да се финансираат со поволни заеми, бидејќи тоа може да доведе до зголемување на нивното задолжување, што е во спротивност со предлогот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кој вклучува пакет за заеми во вредност од 150 милијарди евра и итна клаузула за ублажување на фискалните правила на ЕУ. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан