• петок, 11 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Саудиска Арабија и Индија се договорија да ја зајакнат соработката во енергетскиот сектор

Саудиска Арабија и Индија се договорија да ја зајакнат соработката во енергетскиот сектор

Ријад, 23 април 2025 (МИА) - Саудиска Арабија и Индија се договорија да ја зајакнат соработката во енергетскиот сектор, вклучително и во снабдувањето со сурова нафта и течен природен гас, јави саудиска новинска агенција, повикувајќи се на заедничка изјава.

Саудиска Арабија е најголемиот извозник на нафта во светот, додека Индија е трет најголем потрошувач и увозник на суровина.

Индискиот премиер Нарендра Моди ја посети Саудиска Арабија на покана на престолонаследникот Мохамед бин Салман ал Сауд.

Сепак, дводневната посета на Моди на кралството заврши порано од планираното поради терористичкиот напад во Пахалгам, Кашмир, во кој загинаа 26 лица. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан