• петок, 05 декември 2025

Русите го зазедоа Часов Јар

Русите го зазедоа Часов Јар

Москва, 31 јули 2025 (МИА) - Руските трупи ја презедоа контролата врз градот Часов Јар во регионот Донецк, објави руското Министерство за одбрана.

-Како резултат на офанзивните операции во правец Краматорск-Дружковка, градот Часов Јар од Донецката Народна Република е ослободен, се наведува во официјалното соопштение на Министерството.

Според руската страна, Часов Јар има значајно оперативно и стратешко значење, бидејќи отвора пат кон Славјанск и Краматорск, како и кон Константиновка - градови кои сè уште се под контрола на украинските сили. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан