• понеделник, 12 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кина и Русија планираат изградба на нуклеарен реактор на Месечината

Кина и Русија планираат изградба на нуклеарен реактор на Месечината

Пекинг, 23 април 2025 (МИА) - Прелиминарните планови за Меѓународната станица за истражување на Месечината, кои заеднички ги развиваат Кина и Русија, вклучуваат изградба на нуклеарен реактор на површината на Месечината, покажа денешната презентација на Пеи Жаоју, главниот инженер на кинеската мисија „Чанг'e-8“ планирана за 2028 година 

Презентацијата покажа дека енергетскиот систем на идната база, освен на нуклеарна енергија, може да се потпира и на големи соларни панели кои ќе се инсталираат на површината на Месечината.

Мисијата  „Чанг'e-8“ претставува клучен чекор во амбициозниот план на Кина за изградба на постојана човечка база на Месечината. Кина, втората по големина економија во светот, планира да стане водечка сила во истражувањето на вселената до 2030 година и да испрати астронаути на Месечината. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан