• петок, 05 декември 2025

Шведска потпиша договори за муниција вредни повеќе од 484 милиони евра

Шведска потпиша договори за муниција вредни повеќе од 484 милиони евра

Стокхолм, 8 јули 2025 (МИА) - Шведска потпиша договори вредни повеќе од 484 милиони евра со германскиот „Рајнметал“ и норвешкиот „Намо“ за купување артилериска муниција, соопшти Министерството за одбрана на земјата.

Министерот за одбрана Пал Јонсон го нарече договорот „важна инвестиција во безбедноста на Шведска и НАТО“, нагласувајќи дека нарачката ќе ги зајакне одбранбените капацитети на Шведска.

Договорот со „Рајнметал Денел Мунишн“, подружница на германската одбранбена компанија, вреди повеќе од 347,8 милиони евра и вклучува артилериски гранати и погонски полнења за шведскиот артилериски систем „Арчер“.

Договорот со компанијата „Намо“, вреден неколку милиони евра, се однесува на испорака на високоексплозивни гранати со продолжен дострел (ХЕ-ЕР) од калибар 155 мм. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан