Шведска и Бразил договорија проширување на соработката во полето на воздухопловството
- Шведска и Бразил потпишаа писмо со намери за проширување на соработката во областа на воздухопловството, при што Бразил има намера да купи борбени авиони СААБ, додека Стокхолм ќе купи товарни авиони Ембраер, соопшти шведската влада.
Стокхолм, 10 ноември 2024 (МИА) – Шведска и Бразил потпишаа писмо со намери за проширување на соработката во областа на воздухопловството, при што Бразил има намера да купи борбени авиони СААБ, додека Стокхолм ќе купи товарни авиони Ембраер, соопшти шведската влада.
Во 2010 година, Бразил потпиша договор со шведската одбранбена компанија Саб за купување на 36 авиони JAS 39 Gripen.
Шведската компанија Саб и бразилскиот Ембраер исто така почнаа заедничко производство на авиони „ЈАС“ на локација во Бразил.
Во соопштението на шведската влада се наведува дека Бразил планира да го продолжи договорот за авионот JAS 39 Gripen.
Во исто време, Шведска го избра Ембраер „C-390 Millennium“ за нов воен товарен авион во земјата, соопшти производителот.
Писмото со намери беше потпишано од шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон и неговиот бразилски колега Хозе Мурисио во Бразил. јт/
Фото: МИА архива