• петок, 22 ноември 2024

Шарл Мишел: Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина

Шарл Мишел: Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина

Брисел, 21 март 2024 (МИА) – Европскиот совет вечерва одлучи да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина, соопшти претседателот на Советот, Шарл Мишел.

Мишел на Х и честиташе на БиХ и порача дека местото и е во европското семејство.

- Денешната одлука е клучен чекор напред на вашиот пат кон ЕУ. Сега треба да продолжи напорната работа за Босна и Херцеговина стабилно да напредува, како што сака вашиот народ, напиша Мишел. јт/

Фото: Х

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан