• четврток, 14 ноември 2024

Шалке го промовира Ибишевиќ

Шалке го промовира Ибишевиќ
Гелзенкирхен, 3 септември 2020 (МИА) – Бундеслигашот Шалке денес му посака добредојде на својот нов играч, напаѓачот Ведад Ибишевиќ. Триесет и шестгодишниот Босанец потпиша договор со тимот од Гелзенкирхен за сезоната 2020/21. Играчот ќе го носи дресот со број 11. - Шалке е одличен тим, не морав да размислувам двапати. Јас сум сериозно мотивиран и решен да постигнам успех со тимот, изјави Ибишевиќ за клупската веб-страница на Шалке. Претходно, Ибишевиќ играше за Херта. Фудбалерот го напушти клубот на крајот на сезоната 2019/20 поради истекот на договорот. Минатата сезона Босанецот одигра 27 натпревари за берлинскиот тим, постигна девет гола и четири асистенции. зс/

Остани поврзан