Одредени се четвртфиналните двојки на Мастерсот во Мајами
- Формирани се четвртфиналните двојки во женска конкуренција на ВТА 1000 турнирот во Мајами, САД.
Мајами, 24 март 2026 (МИА) – Формирани се четвртфиналните двојки во женска конкуренција на ВТА 1000 турнирот во Мајами, САД.
Актуелната шампионка Арина Сабаленка синоќа ја победи Кинезинката Женг Кинвен (6:3, 6:4) во четвртото коло. Во четвртфиналето, светската тенисерка број еден ќе се соочи со Американката Хејли Баптист.
Четвртфинални парови на турнирот во Мајами:
Арина Сабаленка (Белорусија) – Хејли Баптист (САД)
Елена Рибакина (Казахстан) – Џесика Пегула (САД)
Белинда Бенчиќ (Швајцарија) – Коко Гоф (САД)
Викторија Мбоко (Канада) - Каролина Мучова (Чешка).
Четвртфиналните натпревари ќе се одржат денес и утре. зс/
Фото: ЕПА