• четврток, 26 март 2026

Флик прогласен за тренер на месец март во Ла Лига

Флик прогласен за тренер на месец март во Ла Лига

Мадрид, 23 март 2026 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, е прогласен за тренер на месец март во Ла Лига, објавено е на официјалната веб-страница на Ла Лига.

Каталонците ги добија сите три натпревари во март - против Атлетик Билбао (1:0), Севилја (5:2) и Рајо Ваљекано (1:0). Во конечното гласање, 61-годишниот Германец ги победи Диего Симеоне (Атлетико, две победи и еден пораз) и Луис Кастро (Леванте, две нерешени и една победа).

Ова е третата таква награда за Флик оваа сезона. Претходно беше прогласен за тренер на месецот во септември и јануари. 

Во ноември, беше прогласен за тренер на есента во Ла Лига.

Барселона е на врвот на табелата во лигата, четири бода пред Реал Мадрид. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан