• недела, 28 април 2024

Шаленберг: Најверојатно ќе биде неизбежно заклучување на невакцинираните граѓани

Шаленберг: Најверојатно ќе биде неизбежно заклучување на невакцинираните граѓани
Виена, 11 ноември 2021 (МИА) - Канцеларот на Австрија, Александер Шаленберг денеска изјави дека зимата и божиќните празници ќе бидат непријатни за граѓаните кои не се вакцинирале против Ковид-19. Тој додаде дека најверојатно ќе биде неизбежно заклучување за невакцинираните, а во исто време одби „локдаун“ за вакцинираните граѓани. - Не гледам зошто две-третини од граѓаните треба да ја загубат слободата поради една третина што се двоуми. За мене е јасно дека нема да има заклучување за вакцинираните од солидарност со невакцинираните, посочи Шаленберг. ми/

Остани поврзан