• петок, 22 ноември 2024

Чомски: Ова е најопасниот момент во историјата на човештвото

Чомски: Ова е најопасниот момент во историјата на човештвото
Вашингтон, 18 септември 2020 (МИА) - Американскиот професор Ноам Чомски предупреди дека поради климатската криза, заканата од нуклеарна војна и зголемениот авторитаризам светот се наоѓа во најопасниот момент во историјата на човештвото. Тој во интервју за „Њу стејтсман“ истакна дека „намало ништо слично во човековата историја“. - Јас сум доволно стар за многу живописно да се сеќавам на заканата дека нацизмот можеше да завладее во голем дел од Евроазија... Американските воени планери предвидуваа дека војната ќе заврши со регион доминиран од САД и регион доминиран од Германија... Но, дури и тоа, доволно ужасно, не беше крај на организираниот човеков живот на Земјата, со кој сега се соочуваме, истакна Чомски. Тој додаде дека светот се соочува со многу тешки кризи, како нуклерана војна, еколошки катастрофи и влошување на демократијата. - Влошувањето на демократијата стана шега. Американската влада е целосно исчистена од каков било дисидентски глас, посочи Чомски во интервјуто пред првиот Самит на Прогресивната меѓународна организација, што се одржува од денеска до 20 септември. „Прогресив интернешнл“ е организација основана од американскиот сенатор Берни Сандерс и поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис, чија цел е спротивставување на десничарскиот авторитаризам. ми/

Остани поврзан