• петок, 05 декември 2025

Ирански ракетни напади оштетија нафтоводи и далеководи во Хаифа

Ирански ракетни напади оштетија нафтоводи и далеководи во Хаифа

Тел Авив, 16 јуни 2025 (МИА) – Нафтоводи и далеководи во израелскиот град Хаифа биле оштетени во последните ирански ракетни напади, соопштија од Израелската нафтена рафинерија, пренесуваат израелските медиуми, повикувајќи се на поднесок доставен до берзата во Тел Авив.

Според соопштението, на погодените локации нема жртви ниту повредени. И покрај делумниот прекин на некои производствени процеси, постројките на рафинеријата продолжуваат да работат. ссм/

фото: архива

Остани поврзан