Фидан и Лавров разговарале за конфликтот меѓу Израел и Иран
- Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска телефонски рагзоварал со својот руски колега Сергеј Лавров за конфликтот меѓу Израел и Иран и потенцијалните глобални и регионални последици од ескалацијата на тензиите
Анкара, 15 јуни 2025 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска телефонски рагзоварал со својот руски колега Сергеј Лавров за конфликтот меѓу Израел и Иран и потенцијалните глобални и регионални последици од ескалацијата на тензиите, објави „Туркие Тудеј“.
Според извори во турското Министерство за надворешни работи, Фидан и Лавров имале дипломатски консултации за влошувањето на ситуацијата на Блискиот Исток.
За време на разговорот, двајцата министри ги разгледале можните глобални и регионални последици од растечката криза.
Фидан ги опишал случувањата како загрижувачки и нагласил дека дипломатијата е единствениот начин за прекин на непријателствата и решавање на разликите поврзани со нуклеарните активности на Иран.са/
Фото: МИА архива