• петок, 05 декември 2025

Израел потврди напад врз воен објект во иранската провинција Исфахан

Израел потврди напад врз воен објект во иранската провинција Исфахан

Ерусалим, 15 јуни 2025 (МИА) – Израелските вооружени сили нападнале објект на иранското Министерство за одбрана во централниот дел на Иран, во провинцијата Исфахан.

„Еден од центрите на Министерството за одбрана во Исфахан беше нападнат. Во моментот се врши проценка на евентуалната штета“, изјави заменик-губернаторот на покраината, Акбар Салехи.

Израелската армија го потврди нападот преку објава на платформата Икс, наведувајќи дека мета бил воен објект во Исфахан.

Овој напад е дел од серијата израелски воздушни напади врз ирански воени и нуклеарни цели, по што следеше ирански одговор со ракетирање на израелска територија. ссм/

фото: Гугл мапи

Остани поврзан